Top Sport

Роберто Инсиње тврди дека неговиот брат бил „избркан“ од Наполи

Роберто Инсиње смета дека неговито брат Лоренцо Инсиње не е виновен што заминува од својот клуб од детството Наполи и дека едноставно бил „приморан“ да го направи трансферот во Торонто ФЦ.

Лоренцо Инсиње потпиша четиригодишен богат договор со МЛС клубот и ќе замине како слободен агент на крајот на сезоната, откако Наполи му понудија договор со драстично намалување на платата, по што 30-годишниот напаѓач го напушти клубот од детството.

„Торонто е многу далеку! И тоа е многу студено. Но, Лоренцо направи важен избор во животот. Никогаш не е лесно да си заминеш од Неапол, но тоа дефинитивно нема да биде негова грешка“, вели Роберто Инсиње за „Скај спорт Италија“.

Помладиот брат, 27-годишниот Роберто исто така произлезе од школата на Наполи, но си замина по само 6 настапи за клубот, и во моментов игра во второлигашот Беневенто.

Scroll to Top