Top Sport

Петер Шмајхел горд на својот син!

Данскиот голман Каспер Шмајхел беше прогласен за најдобар фудбалер на натпреварот Данска-Перу и неговиот татко, великанот Петер Шмајхел вели дека е горд на синот.

Шмајхел Јуниор имаше неколку одлични одбрани за да дозволи Данска да стигне до важна победа преку голот на Јусуф Поулсен, а најимпресивна беше неговат одбрана на ударот на Џеферсон Фарфан на пет минути пред крајот на мечот.

„Данска беше одлична, во однос на исходот би им дал десетка, но перформансите беа за петка, бидејќи можат уште подобро. Одбраната беше навистина добра, и очигледно голманот беше одличен“, вели Шмајхел за „РТ“.

Ова беше петти натпревар во низа за Каспер Шмајхел без примен гол, и сега тој има вкупно 471 минути без примен гол, со што го сруши рекордот на својот татко кој во 1995 година имаше 470 минути без примен гол.

Scroll to Top