Италијанските медиуми тврдат дека Сампдорија веќе решила да му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса и планира да го врати на клупата екстренерот на Милан, Марко Џампаоло.
Вчерашниот домашен пораз од Торино беше трет во низа за клубот од Џенова, што било доволно за управата на клубот, и сега планираат да го земат Џампаоло, кој уште е под договор со Торино и мораат да преговараат со клубот, тврди „Ла газета дело спорт“.
54-годишниот Џампаоло од 2016 до 2019 година беше тренер на Сампдорија со многу успеси, пред да има неуспешна авантура во Милан, а потоа и во Торино не изддржа многу – дојде во август 2020, а доби отказ во јануари 2021 за да биде тренер во само 20 меча.
La Samp saluta (anche) D'Aversa: tornerà Giampaolo https://t.co/cKMA2JIdtA
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 16, 2022