Top Sport

Емотивната посвета на Погба за починатиот татко

Пол Погба беше човекот на одлука за Франција во првиот меч на Мундијалот против Австралија, постигнувајчќи одличен гол во 80. минута за 2:1 победа, по што ја откри посветата за својот татко на штитниците за нозе.

На штитниците го имаше ликот на неговиот татко Фасу Антоан со еден од неговите фудбалски медали. Таткото на Погба почина пред една година на 79-годишна возраст.

„Господе, не ме покорувај за тоа што тие го кажуваат. Прости ми за тоа што не го знаат и направи ме подобар од тоа што тие мислат за мене“, пишуваше на француски јазик на штитниците.

Ова беше прв гол за 25-годишниот Погба за француската репрезентација по смртта на неговиот татко по долгата болест. Таткото на Погба е роден во Гвинеја, додека Погба е роден во Франција.

Подоцна, Погба на Инстаграм постави фотографија со неговиот татко и со порака: „Тато, ова беше за тебе“.

Scroll to Top