Рио Фердинанд ги откри тајните на успехот на неговиот поранешен колега Кристијано Роналдо, со кого играа заедно во Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, и поранешниот дефанзивец немаше доволно пофални зборови.
„Тој беше првиот човек кого го видов што имаше ангажирано нутриционист, доктор, личен физиотерапевт, готвач. Сите тие дојдоа и живееја во неговата куќа, а тој беше на неколку куќи од мене. Кога ќе влезеше кај него беше како карневал, луѓето одеа наоколу, а мене не ми беше јасно што се случува. Тој инвестираше да биде најдобриот на светот и си замина од Јунајтед како најдобар на светот“, вели Фердинанд.
Роналдо, кој замина во Реал Мадрид пред девет години, во кариерата освои пет „Златни топки“ и Фердинанд не го криееше воодушевувањето од Португалецот.
„Се чувствувам како негов голем навивач и затоа зборувам така за него. Тој е неверојатен професионалец, покрај талентот, кој е ограничен кај секого. Клучот на Кристијано Роналдо е менталитетот, да се задржи тоа ниво во 10-12 години, со сите можни трофеи. Мораш да имаш посветеност и неверојатна желба да работиш и да се посветуваш на фудбалот. Затоа е тој толку посебен“, вели Фердинанд.