Top Sport

Корејците со сменети бројки сакаат да ги збунат Швеѓаните

Јужна Кореја има посебна тактика против Шведска откако ги сменија бројките на дресовите на тренинг-сесиите и пријателските мечеви за да ги збунат противниците, открива селекторот Шин Тае-Јонг.

Корејците го почнуваат шампионатот против Шведска во Нижни Новгород во понеделник во меч во кој двете репрезентации мораат до победа, ако се знае дека се во Ф групата со Мексико и Германија.

„Мислам дека Европјаните имаат проблеми кога ќе не погледнат нас Азијците и не можат да не разликуваат. Сакавме да ги збуниме Швеѓаните. Ги менувавме бројките бидејќи не сакавме да откриеме ништо. Ки Сунг-јуенг можеби го знаат, како и Сон Хеунг-мин, но не верувам дека можат да ги препознаат другите“, вели селекторот.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top