Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро почнал со преговори со Евертон за преземање на големиот англиски клуб од „Гудисон парк“, што би било прва работа за него во Европа.
Канаваро, освојувач на Светското првенство со Италија во 2006 година, го раскина договорот со кинескиот Гуангжу во септември и според „Дејли мејл“ оваа недела преговарал со директорите на Евертон, кои бараат за мена за Рафа Бенитез, кој доби отказ.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо наводно веќе го одбил клубот, додека во исто време Канаваро одби шанса да стане селектор на Полска пред баражите против Русија за пласман на СП во март.
Everton 'interview Fabio Cannavaro for their vacant manager role' as the Toffees add to shortlist of Wayne Rooney and Frank Lampard https://t.co/oIOV2m4W8l
— MailOnline Sport (@MailSport) January 20, 2022