Top Sport

Кари прв пат во кариерата реши натпревар со звукот на сирената

Голден стејт Вориорс, во драматична завршница, забележаа победа над последниот тим во Западната конференција, Хјустон. Вориорс славеа со кош во последната секунда 105:103.

Стеф Кари, најдобриот шутер во лигата, имаше лоша вечер, погоди шест од 22.обиди кон кошот на противникот. Мечот го заврши со 22 поени, но го погоди најважниот шут, во последната секунда.

Неверојатно звучи податокот дека Кари прв пат во кариерата, погоди за победа со звукот на сирената.

Вориорс се втори на Западот со 33 победи и 13 порази, Хјустон со 14 победи и 33 порази се последни својата конференција.

 

Scroll to Top