Олимпијакос, во неделата, не успеа да ја освои титулата во домашното првенство, откако најголемиот ривал Панатинаикос ја доби финалната серија во плејофот со 3:2, а ден по поразот грчките медиуми најавуваат големи промени во црвено-белиот тим.
Јанис Сферопулос (51) по четири сезони ќе ја напушти клупата на Олимпијакос. Договорот на тренерот кој со Олимпијакос освои две титули во домашното првенство и играше две финалиња во Евролигата повеќе не е под договор со клубот и двете страни се согласиле дека истиот не треба да биде продолжен.
Медиумите за можен наследник на Сферопулос шпекулираат со имињата на Андреа Тирнкиери, Џоан Плаза и Велимир Перасовиќ.
Челниците на клубот, исто така, ќе прават реконструкција на тимот, а во наредниот период најавени биле разговори со тројца грчки репрезентативци, чии договори истекоа. Во прашање се Василис Спанули, Јоргос Принтезис и Јанис Папапетру.