„Дуелот“ меѓу Марко Матераци и Зинедин Зидан од финалето на Светското првенство пред 12 години уште е актуелно, или барем такво го прави поранешниот италијански дефанзивец.
Во еден од најскандалозните моменти во историјата на Мундијалите, Зидан доби црвен картон откако го удри со глава во гради италијанскиот централен бек по коментарите кој овој ги направи за неговата сестра. Ова беше последен меч во кариерата на славниот Французин, а уште полошо за него, Италија ја освои титулата со победа на пенали.
Популарниот „Матрикс“ Матераци, кој со тој потег го „реши“ натпреварот во Берлин, вели дека ударот воопшто не болел, но ќе останел на тревата „цела вечер“ ако тоа било потребно Зидан да добие црвен картон.
„Ќе останев на тревата цела вечер, но не ме болеше. Пеналот? Тоа беше едноставно, само треба да не направиш грешка“, вели Матераци.