Рој Хоџсон ќе се обиде да му избори опстанок на Вотфорд во Премиер лигата. Највозрасниот тренер во Англија, ќе го наследи Клаудио Раниери кој вчера доби отказ по серијата лоши резултати.
Хоџсон, по завршувањето на минатата сезона, го напушти Кристал Палас и замина во пензија. Сепак, 74-годишникот решил да се врати на работа. Англиските медиуми тврдат дека утре Хоџсон ќе биде промовиран на функцијата.
Вотфорд ќе биде 17. клуб во кариерата на тренерот кој работел во Интер и Ливерпул. Хоџосн бил селектор на Финска, Обединетите Арапски Емирати и Англија.
Вотфорд се претпоследни во Премиер лигата, со само четири победи во 20.одиграни натпревари.