Англиските фанови во Волгоград оддадоа почит во меморијалниот комплекс посветен на една од најкрвавите битки во историјата, битката за Сталинград, покажувајќи дека Светското првенство може да послужи и за зближување на народите.
Пред вечерниот меч против Тунис, голем број од навивачите го посетија споменикот Мамаев Курган во Волгоград, градот кој беше познат како Сталинград каде што загинаа повеќе од милион луѓе во 1942 и 1943 година во битката помеѓу Црвената Армија и нацистичките сили.
Англискиот селектор Герет Саутгејт во своите изјави зборуваше за важноста на Волгоград и како локацијата го става фудбалот во перспектива, дури и на најголемото фудбалско натпреварување на светот. Некои работи се поважни, посочи Саутгејт.
За разлика од најавите за судири меѓу англиските и руските хулигани, во Волгоград беше мирно, а дел од нив поставија цвеќиња на спомениците.
Wreaths laid by English FA and supporters at the Eternal Flame in Volgograd. Hard not to be moved by the memorial here. pic.twitter.com/F4ubrivzhe
— Liam Tyler (@tyler_lj) June 18, 2018