Прекрасната русокоса девојка која според многумина во Русија и на други места беше најубавата навивачка во првата недела на Светското првенство во Русија, всушност е порно-ѕвезда
Фотографијата на девојката со традиционална руска капа на трибините на „Лужники“ во Москва за време на мечот Русија-Саудиска Арабија беше споделена од илјадници веб-сајтови (вклучувајќи го и нашиот), како и од официјалната руска новинска агенција „РИА-Новости“.
Но, во ерата на социјалните медиуми е тешко нешто да се скрие, така што русокосата девојка е „идентификувана“ како порно-ѕвездата Наталија Немчинова, која има снимано порно-филмови под други имиња како Натали Немчинова, Наталија Андреева, Дилајла Џи, Даница, Аманда, Асја и Анабел.
Според веб-сајтовите со содржина за возрасни таа е „еманципиран модел без инхибиции“ и ѕвезда на свингерските забави во Русија, која од 2016 година снима софт и хардкор порно-филмови.
И покрај ова, фудбалот и е очигледно слаба точка, бидејќи Немчинова беше пронајдена и на трибините на Европското првенство во Франција во 2016 година.
Убавите Русинки го украдоа шоуто, Роби Вилијамс со среден прст! (галерија)