Top Sport

Прекинат мечот на Шкупи со Факел Воронеж

Лидерот на табелата во шампионатот на Македонија, Шкупи, одигра пријателски натпревар со Факал Воронеж, кој пред време заврши.

Натпреварот на Шкупи со второлигашот од Русија, беше прекинат во 85.минута. Еден играч на Факел се нафрли врз играч на Шкупи, по што сите влетаа на теренот, а судијата реши пред време да го заврши мечот.

Факел до моментот кога мечот беше прекинат имаше предност од 1:0.

Инаку, во Анталија денеска, беше прекинат уште еден натпревар, во кој играше второлигаш пд Русија. Инциденти имало и на натпреварот помеѓу Чукарички од Србија и Аланија од Владикавказ. Дуелот е прекинат во 44.минута.

Фото/facebook/ fcshkupi

Scroll to Top