Манчестер јунајтед се подготвени да му дозволат на Фил Џонс да замине од „Олд Трафорд“ на позајмица во францускиот Бордо пред крајот на јануарскиот преоден рок.
Џонс паузираше подолго време поради повреда на коленото, пред овој месец да се врати во првиот тим на „ѓаволите“ по 2 години пауза. 29-годишниот Џонс, кој претходно беше дел од англиската репрезентација, има договор со Јунајтед до 2023 година. Според Фабрицио Романо, Бордо ќе ја плаќаат платата на Џонс, додека нема да дадат ниту евро за позајмицата.
Англичанецот има 225 настапи за Манчестер јунајтед, и е во клубот повеќе од една деценија, освојувајќи титула од Премиерлигата, од Лига Европа и од ФА купот.