Top Sport

Мареј го „шутна“ тренерот по неуспешниот Австралија опен

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј се раздели со тренерот Јан де Вит по неуспешниот „тест“ на Австралија опен.

Шкотланѓанецот стигна до финалето на Сиднеј класик, подготвителниот турнир за гренд слемот во Мелбурн, но загуби во второто коло на Австралија опен од Јапонецот Таро Даниел. Тој претходно се раздели со својот тренер Џејми Делгадо по петгодишна соработка, кој иронично почна да работи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој стигна до четврт-финалето.

Де Вит во минатото работеше со Гаел Монфис и Жил Симон, но сега Мареј потврди дека ќе работи сам на АТП турнирите во доха и Дубаи следниот месец.

Scroll to Top