Усман Дембеле по сите шпекулации е на пат во Челси да се приклучи на својот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Томас Тухел, тврдат шпанските медиуми, објавувајќи дека договорот е „99 отсто готов“.
Барселона неодамна му порача на Французинот да потпише нов договор со клубот или да побара нов клуб, по што тој беше поврзуван со трансфер во Пари Сен-Жермен, но сега се верува дека Челси во последен момент влегува во игра со понуда од 20-тина милиони евра за 24-годишниот Дембеле.
Според шпанскиот „АБЦ“, Дембеле ќе потпише четирииполгодишен договор со Челси, за да продолжи да работи со Тухел, со кого имаше една сезона во Борусија Дортмунд.