Кошаркарот на Јута Џез, Џо Инглс, поради повреда ја заврши сезоната. Австралиецот, против Минесота, пред две дена, го скинал лигаментот во коленото.
Јута, потврди, дека 34-годишниот кошаркар се подготвува да оди на операција и дека нема да се враќа во тимот до крајот на сезоната.
Инглс е еден од клучните играчи на Јута, осум сезони е дел од ова франшиза, сезонава има просек од 7,4 поени, 2,9 скока и 3,5 асистенции по натпревар.
Пред да се пресели во НБА лигата, играл за Институт спорт, Саут Драгонс, Гранда, Барселона и Макаби.
Joe Ingles goes down with a knee injury in Minnesota. pic.twitter.com/AvsIlZQNyh
— David James (@DavidDJJames) January 31, 2022