Сандерленд посакуваат сензационален камбек на Ирецот Рој Кин на нивната клупа, во обид да ги врати во втората англиска лига, откако го отпуштија Ли Џонсон по саботниот 6:0 пораз од Болтон.
Кин ги предводеше Сандерленд до титулата во Чемпионшип (втората англиска лига) во 2007 година и уште има симпатизери во клубот, кои сметаат дека со неговиот строг начин на менаџирање може да ги врати прво во втората лига.
Газадата на клубот, францускиот милијардер Кирил Луис-Дрејфус и спортскиот директор Кристијан Спекман ќе почнат со интервјуата за позицијата и англиските медиуми тврдат дека Кин е првиот фаворит.
Кин последен пат беше тренер во 2011, но неколку пати во последните години изјавуваше дека има желба повторно да биде на оваа позиција.