Top Sport

Тухел бара Челси да го купат Едер Милитао

Томас Тухел побарал од управата на Челси во текот на летниот преоден рок главен приоритет да биде трансферот на централниот бек на Реал Мадрид, Едер Милитао за засилување на одбраната, тврди „АС“. Милитао има уште три и пол години од својот договор со „кралевите“, кои се подготвени да му понудат обновување.

Неколку дефанзивци на Челси имаат договори само до 30 јуни, вклучувајќи ги Антонио Ридигер, Цезар Азпиликуета и Андреас Кристенсен, така што дефинитивно е потребно носење на достојни замени.

Милитао блесна оваа година за тимот на Карло Анчелоти, откако од клубот заминаа Рафаел Варан и Серхио Рамос, станувајќи столбот на одбраната на тимот покрај Давид Алаба. Милитао пристигна во Мадрид од Порто во 2019 година за 41 милиони фунти, но заработува релативно ниски 2.5 милиони фунти во клубот.

Scroll to Top