Алан Шугар, член на Домот на лордовите во Велика Британија, и поранешен сопственик на тимот на Тотенхем, на Твитер направи расистичка шега за сенегалската репрезентација по што го избриша Твитот по негативните коментари кои ги доби.
„Препознавам дел од овие момци од плажите во Марбелја. Навистина многу снаодливи момци“, напиша Шугар, претставувајќи ја сенегалската репрезентација како продавачи на очила на сонце и други дребулии.
71-годишниот Шугар потоа се обиде да ја одбрани својата шега, велејќи дека се обидувал да биде смешен и да се забавува, по што по негативните коментари го отстрани Твитот.