Top Sport

„Нема да се случи црно сценарио, Металург нема да згасне“

Ракометниот клуб Металург, поради суспензија од ЕХФ, нема право да игра во европските купови и да се натпреварува во домашното првенство. Металург мора да ги исплати поранешниот играч Алекдандар Шпенде и поранешниот тренер Зоран Кастратовиќ, за му биде тргната суспензијата.

Претседателката Зорица Блажевска, денеска, рече дека клубот работи на случајот, се обратиле до ЕХФ и побарала состанок со РФМ. Ќе побара од РФМ, трите натпревари што треба Металург да ги одигра во наредниот период, да бидат одложени за крајот од овој месец.

Според правилата во Суперлигата, за неодиграни три натпревари следува исклучување од лигата.

Претседателката на Металург откривајчи ја состојбата во која се наоѓа клубот, вели дека секој треба да биде платен за она што го сработи, во тренерот Кастратовиќ тоа не било така.

„Го оспоруваме неговото барање. Побара да му биде целиот договор, иако замина седум месеци пред договорот да му заврши. Тие пари не ги заработил, ги прифаќаме барањата за за сезоната пред неа и за сезоната која ја почна се до моментот кога поднесе оставка. Ги оспорувам последните седум плати. Не сакам да размислувам за црно сценарио. Дури и да биде исфрлен од Суперлигата, Металург нема да згасне, ќе продолжи да функционира“, рече претседателката на Металург.

Scroll to Top