Top Sport

Фудбал на -19 степени – Пола од репрезентатиците на Хондурас завршиле на инфузија

Фудбалската репрезентација на САД забележа значајна победа над Хондурас (3:0), во квалификациите за пласман на Светското првенство. На три кола до крајот на квалификациите во Северна и Средна Америка, САД се наоѓаат на позицијата која им обезбедува учество на СП.

САД го победи Хондурас со 3:0, во натпревар во кој гостите не може да функционираат на теренот. Натпреварот се одигра во Минесота на температура од -19 степени Целзиусови.

Гостите, во такви услови немаа шанси против силниот противник. Поради хипотермија голманот Луис Лупез и напаѓачот Ромел Куиото беа заменети на полувремето, а по мечот неколку играчи завршиле на инфузија.

Селекторот, Хернан Дарио Гомез, не ја криел лутината и прашал кој дозволи во такви нехумани услови да се игра фудбал.

„Неразбирливо е што дозволија овде да се игра. Во нашата земја овие денови температурата е во плус 30 степени. Ова не беше фудбал туку мачење. По мечот сите наши играчи побараа лекарска помош. Некои завршија на инфузија, со душа чекаа мечот да заврши“, рекол Гомез.

Неговиот колега Грег Берхалтер возвратил дека и тие играле во нехумани услови кога гостувале во Хондурас.

„Кога ние гостуваме во земји каде температурата е 30 степени и влажноста на воздухот 90 проценти и кога моите играчи имаат грчеви и дехидрираат, тогаш тоа е нормално“.

На три кола до крајот на квалификациите САД и Мексико имаат по 21 бод, четири помалку од водечката Канада.

Scroll to Top