Top Sport

Директорот на Милан: Ако не си во ЛШ, исто како да си испаднал од лига

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис оценува дека за „росонерите“ неуспех да се влезе во Лигата на шампионите би бил еднаков на испаѓање од лигата, и додава дека премиерлигашите се најбогати клубови на светот само поради нивните нови стадиони.

Газидис, кој претходно беше директор и во Арсенал има искуство во Премиерлигата, и на гостувањето на Дубаи Експо зборуваше за потребата да се инвестира во инфраструктурата.

„Мораме да изградиме нови стадиони кои ќе бидат достапни за сите. Трансформацијата на премиерлигашките стадиони радикално го смени англискиот фудбал, кој во моментов е еден вид на Суперлига. Италијанскиот фудбал падна последните години поради тоа што не се инвестираше во инфраструктурата. Затоа нашиот план да се изгради ‘зелен’ стадион во Милано е посебно важен за враќање на врвот“, вели Газидис.

Тој признава дека најголемите клубови на светот не можат да си дозволат да не се квалификуваат во Лигата на шампиони.

„Да се биде или не во Лигата на шампионите е најважната пречка за клубовите. За нас да не бидеме во ЛШ е исто како за некои клубови да испаднат од лигата“, додава Газидис.

Scroll to Top