Разликата во финансиската моќ на англиските и на италијанските клубови најдобро се покажува во последниот договор кој го склучија Манчестер јунајтед за новиот дрес за тренинзи, кој вреди речиси исто колку спонзорството на дресовите на италијански гиганти, Милан и Интер заедно.
Според „Атлетик“, Јунајтед склучиле договор со „Тезос“, американска платформа за крипто-валути, кои ќе плаќаат 24 милиони евра за да го има нивното име на дресовите кои Јунајтед ги користи за тренинзи, но не и за мечевите.
Италијанскиот веб-сајт „Калчо е финанца“ објаснува дека Интер добива 16 милиони евра плус бонуси за нивниот договор со „Социос“, додека Милан добива 10 милиони евра плус бонуси од „Флај Емиратс“.
Манчестер јунајтед, за споредба, од германската технолошка компанија „Тимвјуер“ добива 55 милиони евра годишно за да бидат на дресовите за мечевите.
Il #ManchesterUnited incassa dallo sponsor per il kit d’allenamento quasi quanto #Inter e #Milan incassano insieme dagli sponsor per la maglia da gioco https://t.co/qNo9bHcMwy pic.twitter.com/GHOTHxrlTh
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) February 3, 2022