Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, кој работи како коментатор за „ИТВ“ за Светското првенство се потсети на работата со сегашниот ирански селектор, Португалецот Карлос Кеирош.
Кеирош беше помошник на Сер Алекс Фергусон во два периоди од 2002 до 2003, по што помина една сезона како тренер на Реал Мадрид, пред да се врати во 2004 и да остане до 2008 година, и Кин има сопствена брутална анегдота за времето кога тие биле заедно со малку каење – зошто не му ја „скинал главата“.
„Вторпат кога се врати во тимот, поради некоја причина навистина покажуваше огромно непочитување кон мене и малку се спречкавме. Тој се сомневаше во мојата лојалност кон клубот и јас му кажав каде да оди. Едно нешто жалам, требаше да му ја скинам галвата. Но, сепак, тој е добар тренер и завршува одлична работа, тоа мора да се признае“, изјави неверојатно смирено Ирецот.