Top Sport

Влаховиќ под истрага за прекршување на здравствените протоколи

Италијанските власти ќе покренат истрага околу медицинскиот тест на Душан Влаховиќ пред потпишувањето за Јувентус, откако локалните власти во Фиренца тврдат дека тој ги прекршил правилата со тоа што си заминал од градот предвреме.

Тогаш како фудбалер на Фиренца, српскиот напаѓач пропушти еден меч во Серија А поради позитивен тест на КОВИД-19 и беше поставен во самоизолација. Моментот кога вратил негативен тест, тој отпатувал во Торино за лекарските тестови, комплетирајќи го трансферот во Јувентус во 70 милиони евра.

Локалната здравствена власт во Тоскана посочи на можно прекршување, откако не дале дозвола тој да отпатува од Фиренца. Се верува дека Влаховиќ немал симптоми и дека веќе ги примил двете дози на вакцина, плус дополнителна трета доза.

Scroll to Top