Top Sport

Милано не ризикува со англиските фанови – забрана за алкохол за навивачите на Ливерпул

Стадионот „Џузепе Меаца“ се подготвува да ги пречека фудбалерите и навивачите на Ливерпул во „жешкото“ осминафинале од Лигата на шампионите, и Интер, кој е првпат во нокаут фазата на ЛШ по една деценија не сака да ризикува никакви проблеми со озогласените англиски навивачи.

Откако прво им дозволија само 2.180 билети на гостинските навивачи на стадион кој собира над 80.000 фанови, сега градската власт во Милано реши да забрани продажба на алкохол во близината на „Сан Сиро“.

„Однесувањето на навивачите секогаш е карактеризирано со навиката за претерано пиење на алкохолни пијалоци, што потоа предизвикува насилни чинови кои може да претставуваат опасност за јавната безбедност“, објави префектот на Милано, Ренато Саконе.

Scroll to Top