Манчестер јунајтед, уште еднаш се „сопнаа“ во Премиер лигата. Саутемптон успеа да однесе бод од „Олд Трафорд“. Претходно на домашен терен Јунајтед испаднаа од Купот, а без победник одиграа и на гостувањето во Барнсли.
Лошата форма на тимот, се поврзува и со голгетерскиот пост на Кристијано Роналдо. Португалецот нема постигнато гол на последните шест натпревари, што никогаш не му се случило во кариерата.
Критики на негова адреса доаѓаа од сите страни, а по дуелот со Саутемптон, многумина го обвинија дека намерно го плукнал соиграчот Ентони Еланга.
Ronaldo as off target with his spitting as he is with his shooting. Straight onto Elangas neck ??? #MUNSOU pic.twitter.com/owH1unYPUh
— imran (@Im11941) February 12, 2022