Бразилскиот селектор Тите влезе во одбрана на Нејмар, откако суперѕвездата го заврши триумфот од 2:0 со Костарика во солзи.
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, беше вклучен во контроверзната одлука во второто полувреме, кога му беше доделен пенал, пред таа одлука да биде укината по разгледувањето на снимките и за ова тој доби жолт картон.
При 0:0, Нејмар се бореше со Џанкарло Гонзалез кога театрално падна, и судијата Бјорн Куиперс прво реши дека се работи за пенал. Ова беше клучниот момент на мечот пред Кутињо и Нејмар да постигнат голови во судиското продолжени за клучна победа. Тите вели дека судијата згрешил.
Embarrassing dive from Neymar. pic.twitter.com/eFXiwp4o8j
— Samue (@VintageSalah) June 22, 2018
„Да бев јас судијата немаше да ја променам одлуката, бидејќи се работи само за начин на интерперетација. Не ни се потребни судиите да победиме, сакаме да сме фер. За мене тоа беше пенал“, вели Тите.
По мечот, Нејмар заврши во солзи и со главата во дресот, момент кој Тите вели дека не го видел.
„Јас бев во мојот агол и чекав адреналинот да се смири. Мислам дека радоста, сатисфакцијата и гордоста да се игра за Бразил се огромни. Тој ја има одговорноста, но и храброста да ги покаже емоциите. Јас сум емоционален човек и јас реагирам така понекогаш. Што ви е? Тој три и пол месеци беше во аут. И тој е човек и потребно му е време да го врати високиот стандард. Затоа сме тим“, додава Тите.
Фото: ЕПА