Top Sport

Пикфорд под истрага, со пријателите се тепал во паб

Репрезентативецот на Англија, Џордан Пикфорд, се наоѓа под полициска истрага, објави таблоидот „Сан“. Според овој извор, голманот на Евертон, учествувал во тепачка во еден паб.

Инцидентот се случил во паб, во јужен Тајнсајд, во пабот засега непознати лица започнале да го провоцираат Пикфорд. Тоа не им се допаднало на неговите пријатели, кои физички се пресметале со групата која го провоцирала голманот.

Не е познато дали Пикфорд учествувал во тепачката, но јасно е дека се нашол во ситуација која е е добра за него.

Евертон во наредната рунда во Премиер лигата ќе игра против Саутемптон.

Scroll to Top