Градската власт на Севилја го оцени претстојниот меч помеѓу Севилја и Динамо Загреб како случка од „висок ризик“ и затоа ќе ангажира 700 полицајци и редари за обезбедување на мечот од Лига Европа.
Само 1.165 навивачи на „модрите“ ќе може да влезат на „Рамон Санчез Писхуан“, а во Севилја се сеќаваат на 2016 година, кога навивачите на Динамо правеа проблеми во центарот на градот и тројца беа уапсени.
Мечот во Севилја се игра во четврток, додека реваншот е закажа на „Максимир“ на 24 февруари.