Еден ден пред официјалната промоција на Ф1-75 болидот на Ферари, на социјалните мрежи се појави фотографија од машината со која Скудерија ќе се обиде да се врати на врвот во Формула 1.
Иако не е првпат да се појават фотографии од болиди пред официјалната промоција, малку е необично што тоа се случува со Ферари, тим кој обично секогаш добро ја заштитува својата опрема и машини.
Според фотографијата, тимот се реши на класична црвена боја на болидот, која наликува на машините од 1990-ти.