Милан сезонава се бори за првата титула по 2011 година во Серија А. Црвено-црните се лидери на табелата, имаат два бода повеќе од Интер и Наполи.
Милан, во саботата, неочекувано одигра 2:2, против фенерџијата Салернитана. Во наредното коло, во петок од 18.45 часот, ќе го пречка Удинезе.
Поради епидемиолошките мерки, стадинот на Милан ќе може да прими точно 56.904 навивачи.
За да го наполнат, челниците на Милан, донесоа одлука за 11 сектори билетите да се продаваат по цена од 1 евро.