Top Sport

Реал ќе се борат со Јунајтед за потписот на Почетино

Реал Мадрид ќе се приклучат на Манчестер јунајтед во обидот да го донесат Маурисио Почетино од Пари Сен-Жермен, бидејќи во шпанската престолнина не сметаат на Карло Анчелоти како на „постојано решение“, тврди шпанска „Марка“.

Според нивните извори, Реал Мадрид, но и Тотенхем имале обиди да го привлечат аргентинскиот тренер минатото лето, и „кралевите“ ќе се обидат повторно по крајот на сезоната, кога Реал исто така ќе биде активен и на пазарот на играчи со играчот на Почетино, Килијан Мбапе како прва цел.

Клучот, според, „Марка“ ќе бидат настапите на Реал во Лигата на шампионите, бидејќи и покрај домашниот успех многу тренери не изддржале на „Бернабеу“ поради формата во елитното европско натпреварување. Така може да му се случи и на самиот Анчелоти, откако Реал се убедливо прво во Ла лига, но заостануваат 0:1 по првиот меч со ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Scroll to Top