Top Sport

Тешко за верување – Клоп инсистира дека не размислува за титулата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим ќе треба да победи во сите мечеви до крајот на сезоната ако сака да има шанси да ги стигне Манчестер сити во премиерлигашката трка за титулата, инсистирајќи дека титулата „воопшто не е во неговиот ум“.

Ливерпул имаат натпревар помалку против Лидс, кој ќе го идиграат оваа недела, и ако победат ќе дојдат на шест поени од тимот на Пеп Гвардиола по нивниот 2:3 пораз дома од Тотенхем.

„Имаме многу натпревари пред нас. Ако можеме да победиме во сите, тогаш ќе имаме трка за титулата. Сфаќам дека луѓето се возбудуваат и тоа е добро. Сити не се недостижни, но верувајте во ниту еден момент не помислувам на титулата“, вели Клоп.

Тој инсистира дека не го следел мечот и дека кога слушнал дека има гол во финишот, мислел дека Сити победиле.

„Бев накај дома кога беше 2:1 за Тотенхем и кога пристигнав не го следев мечот и бев сигурен дека ќе израмната. Возачот беше многу возбуден и ми кажа дека било 2:2, па 3:2, и кога кажа 3:2 мислев дека Сити победиле. Кога ме поправи, реагирав само со ‘ох’. За нас тоа ништо не менува бидејќи ние треба да победуваме“, додава Клоп.

Клучниот период за Ливерпул ќе биде во средината во март кога имаат мечеви со Арсенал на гости (16 март), Манчестер јунајтед дома (20 март) и Манчестер сити на гости (9 април).

Scroll to Top