Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба стравува дека Мундијалот во Русија е негов последен во кариерата, иако има само 25 години и сосема реално може да биде повикан и за настап на следниот мундијал во 2022 во Катар.
„Ова е можеби моето последно Светско првенство. Само сум реален – не знам дали ќе ме повикаат повторно, можеби другите фудбалери ќе бидат подобри од мене. Се надевам дека ќе играм повеќе, но имам два настапи и некои сонувааат само за еден“, изјави Погба пред последниот меч од групата Ц во вторник против Данска.
Погба покрај тоа што беше под критики за неговите перформанси и недостатокот на лидерство во тимот на Јунајтед, се најде под исти критики и во француската репрезентација, но селекторот Дидие Дешам не се откажува од него.
Франција веќе е квалификувана во осминафиналето и ќе го обезбеди првото место ако избегне пораз од Данска. Погба ги стартуваше двата меча досега, 2:1 победата над Австралија и 1:0 победата над Перу.
Фото: ЕПА