Бразилскиот фудбалер на Арсенал, Габриел Мартинели открива дека Манчестер јунајтед не сакале да потпишат со него, иако имал четири теста со „ѓаволите“.
Арсенал го доби Мартинели за само 6 милиони фунти од бразилскиот клуб Итуано во јули 2019 и 20-годишниот Бразилец стана еден од првотимците на „Емирати“ под Микел Артета, но можел да биде талент на „Олд Трафорд“ доколку скаутите на „ѓаволите“ го сакале тоа.
„Имав четири различни теста кај Јунајтед, на 13, 14, 15 и 16 години. Тоа беше во нивната тренинг-група, каде што бев во иста група со Брендон Вилијамс и Мејсон Гринвуд и се сретнав со играчите на првиот тим, како Златан, Погба, Руни и Евра. Но, не дојде момент кога тие посакаа да ми дадат договор. Сепак, тоа ми даде шанса да се адаптирам на англискиот фудбал и ми даде доверба дека можам да успеам“, вели Мартинели за „Атлетик“.
Мартинели веќе има 70 настапи за Арсенал и 16 гола.