Top Sport

Жиру: Моите две баби беа Италијанки, горд сум што сум во Милан

Оливие Жиру ги потсети своите соиграчи од Милан дека „уште е освоиле ништо“ и откри дека е презадоволен што игра во Италија, каде што храната е „речиси исто толку добра“ како во Франција.

Милан има предност од 2 поени пред Наполи и Интер, иако „нераѕурите“ имаат натпревар помалку, а Жиру има 10 гола во 24 настапи оваа сезона.

„Мораме да се бориме до крај, бидејќи не сме освоиле ништо. Милан секогаш бил еден од најважните клубови на светот и кога го носиш овој дрес, мораш да мислиш на врвот. Секогаш сум мислел дека тимот на Милан е добар, со комбинација на искуство и млади фудбалери“, вели Жиру во интервју за магазинот „Џи Кју“.

Тој ја повтори својата мотивација да пристигне во Милан.

„Многу големи француски фудбалери и фудбалски легенди играа тука: Ван Бастен, Роналдињо, Кака, Шева…Кога првпат зборував со Паоло Малдини, едвај се воздржував. Тој ја покажува класата на клубот. Организацијата е фантастична, а Миланело е одлично место за тренинг. Моите две баби беа Италијанки и горд сум на своите корени и одлично е што сум тука со семејството. Ја сакам оваа земја, традицијата и секако италијанската кујна. Речиси исто толку добра како француската“, додава Жиру.

Scroll to Top