Top Sport

УЕФА ќе го раскине спонзорскиот договор со „Гаспром“

УЕФА има јасен став за воената акција што ја презеде Русија во Украина. Вчера, УЕФА реши финалето во Лигата во Лигата на шампионите, да не се игра во Санкт Петербург. Организацијата на финалето, на 28.мај, ја доби Париз.

УЕФА сега ќе направи уште еден чекор, се обидува да го раскине спонзорскиот договор со „Гаспром“.

Гаспром“ е ееден од најголемите спонзори на Лигата на шампионите. Годишно оваа компанија издвојува 50.000.000 евра.

УЕФА и Формула 1 засега се покажаа како најжестоки во однос на спортските санкции кон Русија. Формула 1, вчера реши сезонава да несе вози Големата награда на Русија во Сочи.

Scroll to Top