Top Sport

Газдата на Висел Кобе ќе испрати конкретна помош за украинскиот народ

Еден од најбогатите Јапонци, газдата на фудбалскиот клуб Висел Кобе, Хироши Микитани, ќе испрати конкретна помош во Украина.

Микитани на „Твитер“ објави дека испратил писмо до украинскиот претседател, Володимир Зеленски. По разговорот со семејството решил на народот на Украина да му помогне со 8.000.000 евра.

„По консултациите со семејството решивме да испратиме донација за украинскиот народ. Можете да го видите и писмото што го испратив до претседателот Зеленски. Нашите срца се со вас“, порачал Микитани, објавуваќи го писмото на „Твитер“.

Микитани покрај фудбалскиот клуб е газда на Ракутен (главен спонзор на Барселона) и уште на неколку дуги компании.

 

Scroll to Top