Top Sport

Челси ќе згасне ако Британија воведе санкции кон Абрамович

Челси може да пропадне доколку британската влада реши да воведе санкции против сопственикот, Роман Абрамович, пишува „Тајмс“.

Премиерот Борис Џонсон, се наоѓа под силен притисок од своите министри и парламентот да го заплени или замрзне имотот што го има во Британија, газдата на Челси.

Професорот од катедрата за фудбалски финансии, на универзитетот во Ливерпул, Киран Мегваер, предупреди дека Абрамович, на кого клубот му должи 1.500.000.000 фунти, би можел да го искористи овој компликуван однос за да ги одбие владините санкции.

Мегваер додава дека доколку владата „удри“ по Абрамович, фудбалскиот клуб Челси би можел да згасне.

Абрамович богатството кое се проценува на 8.400.000.000 фунти го стекнал со продажба на недвижности и имоти кои по распаѓањето на СССР биле во државна сопственост.

Челси го купи во 2003 година. Од просечен англиски клуб, Абрамович успеа да го крене во врвот на европскиот фудбал. Во ерата на Абрамович Челси има освоено две титули во Лигата на шампионите.

„Дејли мејл“ и „Блумберг“ пишуваат дека можно е Абрамович да се реши да го продаде клубот. Според „Блумберг“, Абрамович мора да реагира бидејќи се наоѓа под голем притисок од страна на јавноста.

Scroll to Top