Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Сент Етиен во рамките на 26.коло, во Лига 1. Против аутсајдерот ПСЖ славеа со пресврт, благодарение на Лионел Меси и Килијан Мбапе.
Гостите не се исплашија од фаворитот на „Паркот на принцовите“. Грешката на Данило Переира, во 16.минута ја искористи Буанга, кој со прецизен удар го совлада Донарума.
Врската Меси-Мабапе проработи во 42.минута, додавањето на Аргентинецот во гол го претвори францускиот напаѓач.
На стартот на второто полувреме, во 47.минута, повторно во акција беа овие двајца, Мбапе погоди за 2:1.
Конечниот резултат го постави Данило Переира.
ПСЖ се лидери во Лига 1 со 62 бода, 16 повеќе од Ница, Сент Етиен останаа во долниот дел од табелата, на 16.место со 22 бода.