Уште еден украински спортист е жртва на војната. Украинската бијатлон федерација соопшти дека 19-годишниот Евгениј Малишев бил убиен за време на својата должност.
„Хероите никогаш не умираат“, напишаа поранешните колеги од националниот тим на социјалните мрежи во негов спомен. Засега нема повеќе детали за смртта на Малишев.
Претходно стана јасно дека Дмитриј Пидручни и Дмитриј Мазурчук, кои ја претставуваа Украина на неодамна завршените Зимски олимписки игри во Пекинг, исто така им се приклучија на вооружените сили на земјата и се дел од Националната гарда. Пидручни е бијатлонец и е светски шампион, додека Мазурчук се натпреварува во нордиска комбинација.
„Ние имаме должност да го браниме нашиот град Киев. Градиме барикади и утврдувања. Смирени сме и подготвени. Опасноста е голема, ќе има многу битки во Киев, но ние ќе победиме“, изјави Пидручни.