Top Sport

Јунајтед може да се решат на Анчелоти како „краткотрајно“ решение

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се промовира како изненадувачко „краткотрајно“ решение за Мачестер јунајтед, тврди „ЕСПН“.

Анчелоти има блиско пријателство со Сер Алекс Фергусон, а новиот генерален директор на клубот, Ричард Арнолд побарал совет токму од Ферги кога го заменил Ед Вудворд оваа година, објаснуваат „ЕСПН“.

Претходно се веруваше дека има листа од најверојатни решенија како Маурисио Почетино и Ерик Тен Хаг. Фергусон ја почитува работата на Почетино и го советувал Арнолд да го ангажира Аргентинецот, но како втор избор паднал на Анчелоти.

Италијанецот има огромно искуство во Премиерлигата, во речиси сите европски лиги, и знае како да се справува со тим полн со ѕвезди. Ралф Рангник би останал како советник на тимот и во 2022/23.

Анчелоти во 2020 призна дека кога Фергусон се пензионирал, ги советувал Јунајтед да тргнат по него.

„Имам фантастични односи со Сер Алекс и се сретнавме кога тој реши да се повлече. Но, тогаш бев блиску до Реал Мадрид, и високо ја ценев неговата понуда. Немав друга шанса да станам менаџер на Јунајтед“, изјави тогаш Италијанецот.

Scroll to Top