Душан Влаховиќ се врати во Фиренца и беше пречекан како „предавник“ од фановите на „виолетовите“. Но, тој сепак покажа дека пријателството е посилно од клупските бои по завршувањето на куп-натпреварот меѓу Фиорентина и Јувентус.
„Старата дама“ победи со 0:1, а несреќен автогол во судиското продолжение си постигна Венути. По последниот свиреж на судијата, токму Душан Влаховиќ тргна прв да го утеши поранешниот соиграч Венути.
dusan x venuti❤️? #FiorentinaJuve pic.twitter.com/KYG4qR3JLH
— mila?? (@solexMiiila) March 2, 2022