Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг почнал со лекции по англиски јазик за да си ги зголеми своите шанси да стане новиот менаџер на Манчестер јунајтед, откако наводно ја пропуштил шансата во Тотенхем поради јазичната бариера, тврди „Дејли мејл“.
Според нивите извори, во Ајакс се свесни дека Тен Хаг сака да замине ова лето, откако подолго време е еден од главните кандидати да стане постојан менаџер на „Олд Трафорд“. Тие додаваат дека тој бил еден од најголемите кандидати да биде менаџер на Тотенхем минатото лето, но клубот се одлучил за Нуно Еспирито Санто (кој потоа беше сменет со Антонио Конте) поради слабото познавање на англискиот јазик.
Покрај Тен Хаг, со Јунајтед се поврзуваат и тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино, италијанскиот селектор Роберто Манчини, но и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти поради пријателството со Сер Алекс Фергусон.