Top Sport

Мирадоли победи во Ленцерхајд, Брињоне го освои глобусот во супер џи

Романа Мирадоли победи во трката во супер џи, во Ленцерхајд, со што и овозможи на Федерика Брињоне да го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина.

Мирадоли во Ленцерхајд победи со време 1:19.87 минути. Таа беше побрза од Микаела Шифрин и Лара Гут Бехрами.

Во супер џи ќе се вози уште една трка до крајот на сезоната, која нема да биде важна за конечниот расплет. Малиот Кристален глобус го освои Федерика Брињоне, пред својата сонародничка Елена Куртони.

Трката во Ленцерхајд Кутрони не ја заврши, додека Брињоне го освои деветтото место.

Во генералниот пласман во Светскиот куп, води Шифрин со 1.106 поени. Американката има 67 поени повеќе од Петра Влхова.

Scroll to Top