Валенсија ја победи Гранада со 3:1 и се зацврсти на деветтото место на табелата во Ла Лига. Гранда ја продлабочи кризата во која се наоѓа, тимот од Андалузија е само три бода оддалечен од опасната зона.
На „Местаља“, се беше решено во интервал од само 13 минути. Карлос Солер ја креираше победата на Валенсија.
Во 48. и 51.минута им асистираше на Гуедеш и Макси Гомес, потоа голманот на Валенсија, Доменек си постигна автогол во 55.минута, а пет минути подоцна Солер од пенал го постави конечниот резултат.