Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна третиот гол за Дебрецен откако оваа зима направи трансфер во познатиот унгарски прволигаш. Тој беше стрелец на вториот погодок за Дебрецен во поразот (4:2) на гости против Хонвед.
Браќата Бабунски беа стартери во тимот на Дебрецен, Доријан Бабунски се запиша и во листата на стрелците во 58.минута, а пред крајот беше и заменет.
Дебрецен по овој пораз се наоѓа на осмата позиција на табелата со 28 бода.